191
Кинеската социјална мрежа TikTok денеска објави дека ќе престане да дистрибуира нови содржини во Русија и преноси во живо поради рускиот закон за лажни вести.
Во соопштението се посочува дека услугата за размена на пораки не е вклучена во оваа одлука, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша закон со кој се воведува административна одговорност за ширење лажни вести за активностите на руските вооружени сили и повикува на санкции против Русија.