383
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.
Во интервју за CBS News, на прашањето дали Полска, како членка на алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло“ за тоа.
„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина“, рече Блинкен.