Мицкоски наместо Арсовска договарал набавка на автобуси за Скопје?

од Берта Китинска
253 прегледи

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски продолжува со мешањето во работењето на локалните самоуправи каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници. Овој пат, Мицкоски кажа дека биле во фаза на преговори за набавка на автобуси, наместо “независната” градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

Тој најави дека се преговара за набавка на 100 електрични автобуси за скопјани, без да прецизира во кое својство тој, како лидер на опозиција, е вклучен во овој процес.
За ситуацијата да биде уште посомнителна, Арсовска досега не кажала или најавила дека се водат преговори со компании за набавка на возилата, додека Мицкоски рече дека наскоро ќе бидел распишан тендер.

„Во завршна фаза сме и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговараме и за отворање на фабрика тука во Скопје во Македонија за производство на овие електрични автобуси во кое што ќе се вработат минимум 500 луѓе“ рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Ваквото мешање на Мицкоски и неговата партија во набавката на автобуси на Град Скопје потсеќа на набавката на кинеските автобуси во 2010 година, за што обвинителството ги обвини Игор Јанушев и Миле Јанакивски за злоупотреби и оштетување на буџетот за речиси пет милиони евра.