Објавата на руската амбасада е класична закана, смета Османи

од Берта Китинска
235 прегледи

Објавата на руската амбасада е непристојна и е класична закана, кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Оваа објава не е објавена само кај нас, туку и во сите земји во светот, пред сѐ, во Европа и ние ја интерпретираме како закана која што е надвор од нормалната дипломатска комуникација меѓу две држави. Имам организирано средба за да одлучиме која ќе биде нашата реакција, за што дополнително ќе информираме – вели Османи.

Тој најави консултации во Министерство за надворешни работи по што ќе се донесе одлука каква ќе биде македонската реакција на вчерашната објава на амбасадата на Русија во Северна Македонија на Твитер дека внимателно се евидентираат случаите на русофобија во голем број странски земји.

Слични содржини