Украина сака нејзиното барање за членство во Европската унија да се разгледува одвоено од барањата на Грузија и Молдавија, објави украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба.
„Со должна почит кон нашите грузиски и украински партнери, но нивните барања за членство во ЕУ во моментов изгледаат како обид да се прикачат два вагона на брзиот украински воз што се движи кон Брисел. Барањето на Украина за забрзана процедура за пристапување во ЕУ треба да се разгледува одвоено од барањето на Грузија и Молдавија“, рече Кулеба.
Кулеба изјави дека Киев ја цени „солидарноста на Грузијците и Молдавците со Украина“ и дека е благодарна за нивната хуманитарна помош, но „досега ниту Грузија ниту Молдавија не ги поддржале новите санкции на ЕУ против Русија“.
Според изјавата на министерот за надворешни работи на Украина, таквиот став „не соодветствува на партнерските односи меѓу Украина, Грузија и Молдавија во рамките на „придружното трио“ и јасно ја илустрира неподготвеноста на Тбилиси и Кишињев да станат вистински гаранти на безбедноста во Европа“.
Претходно беше објавено дека на 3 март Молдавија и Грузија поднеле барање за членство во ЕУ. Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја потпиша апликацијата за членство во ЕУ на 28 февруари.
Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна агресија врз Украина, според како што велат, главна цел е демилитаризација и денацификација на Украина. Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го остави оружјето и да си оди дома.