Богоевски: Рускиот список со непријателски земји е за да се заплашат останатите кои се приклучуваат на блокот

од Nikola Popovski
323 прегледи

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски вели дека не е изненаден од одлуката на Русија да ја стави Северна Македонија на списокот на непријателски земји.

-Воопшто не сум изненаден од ваквиот чекор. Фразата од Кремљ беше земји кои што имаат преземено непријателски активност. Ова е резултат на нашето приклучување кон економските саннкции кои беа наметнати кон Русија. За последиците допрва ќе видиме затоа што денес беше само првиот чекор. Сепак ова се знаеше уште пред два дена. Наративот на Кремњ е антагонизирачки и е наменет за два фронта: првиот е надворешен и има за цел да ги заплаши останатите кои што сакаат да се приклучат кон блокот кои ја санкционира Русија и вториот е домашен фронт за пред своите граѓаните, смета Богоевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини