Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема да испраќа регрути или резервисти да се борат во Украина, наведувајќи дека офанзивата во таа земја ја водат „професионалци“ кои исполнуваат „утврдени цели“.
„Сакам да го подвлечам фактот дека војниците кои се регрутираат нема да учествуваат во борбите. Нема да има дополнително регрутирање резервисти“, рече Путин во телевизискиот говор по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.
Тој рече дека „зацртаните цели ги извршуваат професионални војници“.
„Сигурен сум дека тие ефикасно обезбедуваат мир и безбедност за рускиот народ“, кажа Путин.