Со новото покачување на нафтените деривати се нарушува и животниот стандард на граѓаните, кое исто така ќе се пренесе и со покачување на сите крајни производи кои ги користат граѓаните. Покачување на дизелот за 10 денари и на бензините за 5.5 денари по литар ќе се зголемат и цените во транспортот на патници, стоки и услуги, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија бара државата итно да ја преполови акцизата за горива.
-ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката група во Собранието предложи намалување за 50% на акцизите на нафтените деривати. Овој предлог беше отфрлен од СДСМ и ДУИ. Потребно е веднаш да се прифати овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и да се спречи поголеми ценовни шокови. Мора да се стави крај на ова неодговорно владеење на СДСМ и ДУИ, за тоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори, соопштија од „Белиот дворец“.