Рецепт: Пилешки батаци во сос од мед и портокал

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Состојки:

– 3 пилешки батаци
– 1 портокал
– 4 лажици соја сос
– 1 лажичка мед
– 1/2 лажичка бибер
– 1/2 лажичка морско оревче
– 1/2 лажичка сол
– Рузмарин

Подготовка:

Половина од портокалот исцедете го, а другата половина исечете ја на прстени. Во сокот од портокал додадете бибер, мед, сол, морско оревче, соја сос и рузмарин. Добро промешајте.

Пилешките батаци добро измијте ги и валкајте ги во портокаловата маринада. Се редат во тава.

Одозгора прелијте го остатокот од маринадата. Наводнетите батаци оставете ги да отстојат во маринадата два и пол до три часа.

После тоа, наредете ги портокаловите прстени над батаците. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте!

Слични содржини