Ковачевски: 8. март е првиот од 365 дена гласност за која силно се залагам

од Nikola Popovski
225 прегледи

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Премиерот истакна дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда.

-8 Март е можност да поразговараме за економската, политичката и социјалната рамноправност на жените, но тој е првиот од 365 дена гласност за која јас силно се залагам. Цврсто стојам на ставот дека отворените прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден. Како Влада активно работиме да изградиме општество без стереотипи и дискриминација, општество кое е инклузивно и обезбедува еднакви можности за сите. Нашите заложби за економско зајакнување ги вклучуваат подеднакво и девојките и жените, порача Ковачевски.

Според премиерот, независни и економски силни жени, со свој силен глас и мислење, со можности за слободен избор и еднаквост, се иднината на нашата држава која нема да толерира дискриминација по ниедна основа.

-Само така, заедно создаваме инклузивно, еманципирано и силно општество. Да живее 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, изјави Ковачевски.

Слични содржини