Роналдо сака трансфер во ПСЖ!?

од Vladimir Zorba
385 прегледи

КРИСТИЈАНО Роналдо е фудбалската тема на денот во Англија.

Би Би Си најпрвин пишува за него во својата опширна вест за најважните трансфери на играчи кои се подготвуваат, или веќе се на прагот.

Цитирајќи го порталот „Фудбал Трансферс“, кој својата вест ја наслови со зборовите „Роналдо одлета во Португалија за да направи план да се пресели во Пари Сен Жермен“, британскиот јавен сервис ја пренесува следната информација:

„Кристијано Роналдо донесе одлука да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите, а неговата желба е да се пресели во Пари Сен Жермен, како што дознаваме“.

Роналдо отсуствуваше на дербито на Манчестер во неделата, кога неговиот Јунајед беше растурен од Сити со 4:1, а официјалната причина за недостиг беше проблемот со кукот.

Кристијано замина во Португалија со размислувања за својата иднина, а бидејќи Јунајтед се бори за место меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата, тој го планира следниот потег.

Извори блиски до ситуацијата разбираат дека враќањето во Јувентус е веќе откажано, исто како што е многу веројатно случајот со трансферот во Спортинг каде што ја започна професионалната кариера.

Како резултат, „CR7“ размислува да се пресели во Париз, каде што сензационално би им се придружил на Лионел Меси и Нејмар во гигантот од Лига 1, во еден вид „трио од соништата“ во нападот.

Манчестер Јунајтед е разочаран откако се врати Роналдо: тренерот Солскјер доби отказ во декември, а беше донесен и ветеранот Ралф Рангник.

Формата на Роналдо оттогаш опаѓа, а клубот е петти на табелата, со бод помалку од Арсенал, кој одигра три натпревари помалку.