Амбасадата на Украина во Северна Македонија на својот Твитер профил објави покана за Меѓународната легија.
За рeгистрациja во Меѓународната легија и за сите детали,контактирајте ја Амбасадата на Украина во вашата земja (контакт информации – +38972589639;[email protected] [email protected]
— UKR Embassy in MKD (@UKRinMKD) March 7, 2022
Овој повик на Украинската амбасада во Македонија доаѓа по најавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски од минатата недела, дека сите кои сакаат да се приклучат на Меѓународната легија за борбата против Русија можат тоа да го сторат без виза.
Според законите на С. Македонија, сепак, организирањето, регрутирањето и повикувањето во странска војска е кривично дело, како и учеството на македонски државјани во странска војска и паравоени формации.