337
Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање на радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше освоена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти во вторникот агенцијата на ОН.
„Извршниот директор рече дека далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем за следење на Чернобил е изгубен“, соопшти МААЕ.
Меѓу другото, МААЕ ја следи безбедноста на нуклеарниот материјал.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари.