Русија, поради конфликтот со Украина, се најде во бројни спортски проблеми, а сега еден од нив е официјализиран.
Имено, откако ФИФА и УЕФА на крајот на минатата недела донесоа одлука за „привремено исфрлање“ на руската фудбалска репрезентација и сите руски клубови од сите меѓународни натпреварувања, Светската куќа на фудбалот денеска донесе нова одлука: „Русија дефинитивно испадна од дополнителните квалификации за СП, а преминот во последната рунда од плеј-офот и го додели на ривалот во полуфиналето, Полска“.
Полјаците ќе играат со победникот од мечот Шведска – Чешка на крајот од квалификациските борби за пласман на Светското првенство, чиј домаќин на крајот од оваа година е Катар.
Од друга страна, ФИФА одлучи бараж натпреварот меѓу Шкотска и Украина да се пресели за јуни.