Владата денеска ја донесе Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година вредна 1,3 милијарди денари.
Оваа програма има за цел да бидат остварени политиките на рурален развој, кои се насочени кон: поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини; обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна; зголемување на конкурентната способност на земјоделството; обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство; промовирање на нови начини на организирање на локално ниво, преку основање на јавни приватни партнерства (ЛАГ); поддршка на економско здружување на земјоделски производители во форма на земјоделски задруги; зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток; помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност и за одржлив развој на руралните подрачја.