Вкусно и здраво: Рецепт за вегански стек

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Состојки:

4 раце соја снегулки
1/2 праз
100 гр бел ориз
1 кромид
2 чешниња лук
5 лажици презла
сол
бибер
куркума
власец
кари
магдонос
2 лажици пченкарно брашно
3 лажици овесно брашно

Подготовка:

Оставете ги снегулките од соја да зовријат, а потоа исплакнете ги со ладна вода и добро исцедете ги.

Ставете го оризот да се свари, кога ќе заврши истурете ја водата, но не треба да се измие од вишокот скроб (треба да остане леплив за да послужи за врзување на другите состојки бидејќи нема јајца).

Исечкајте ги празот, кромидот и лукот и ставете ги во едно. Во длабок сад измешајте ги снегулките од соја, оризот и зачините.

Додадете пченкарно и овесно брашно и рачно соединете.

Формирајте ја масата и ставете ја во фрижидер 30 минути.

Извадете ги од фрижидер, израмнете ги шницлите и пржете ги на масло (на умерена температура).

Испржените шницли ставете ги на салфетка за да се впие вишокот маснотии, па послужете ги со саканиот прилог.

На здравје!

Слични содржини