МНР: Учеството во било која странска војска е кривично дело

од Берта Китинска
190 прегледи

Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело, стои во рекацијата на МНР во врска со објавата на Украинската амбасада во Македонија која преку објава на Твитер повика на регистрација во Меѓународната легија.

-Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, велат од МНР.