Британска амбасада во Скопје: Национална химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави

од Берта Китинска
542 прегледи

Британската почесна гарда вчера отсвире сегмент од македонската народна песна „Јовано, Јованке“ во знак на почит кон македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска, а национална химна се свири само при пречек на шефови на држави, велат од Британската амбасада во Скопје, по рекацијата по бројните напади на социјалните мрежи, кои злонамерно тврдеа дека несвирењето на химната е понижување за македонската министерка.

„Вчера, министерката Петровска беше пречекана со почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованко“. Национална химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави“, соопштија од Британската амбасада во Скопје.

Слични содржини