Украинците тврдат дека Русите уништиле детска болница (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
225 прегледи

Градскиот совет на Мариупол објави видео од опустошено породилиште во градот и ги обвини руските сили дека фрлиле неколку воздушни бомби врз детската болница.

„Уништувањето е огромно. Целосно е уништен објектот на здравствената установа каде неодамна се лекуваа децата. Се разјаснуваат податоците за жртвите“, соопштија од Советот.

„Гинекологијата во центарот на градот, детското одделение и интерното одделение… сето тоа беше уништено за време на рускиот воздушен напад врз Мариупол. Токму сега“, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната администрација на Доњецк.

Слични содржини