Партија на пензионери: Ја осудуваме одлуката за намалување на износот за посмртна помош

од Nikola Popovski
245 прегледи

Партијата на пензионери (ПП), соопшти дека се придружува кон бројните јавно искажани негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), кој, според нив, во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија, донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд.

-Одлуката да се намали износот на висината на средствата кои се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд, е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во истата нема никакво учество Партија на пензионери, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата на РСМ.

За да да биде се јасно го цитираме член 116 став (2) од Законот за ПИО.

„(2) Висината на задршката за посмртна помош и членарина, висината на исплатата за посмртна помош во зависност од акумулираните средства и смртноста на корисниците на пензија, начинот на распределба на членарината, начинот и постапката за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд во единствен износ за сите корисници на пензија, како и начинот на располагање со слободните, а неискористени, средства од посмртна помош, со акт ги утврдува регистрирана организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија.“ (во случајов СЗПМ), велат од ПП.

Истовремено, ПП ги информира пензионерите дека носителитете на функции во органите и телата на партијата сите свои активности ги реализираат исклучиво волонтерски (без надоместок).

-Партијата не располага со сопствен имот, а трошоците за реализација на програмските задачи и организациони активности ги покрива од приберена членарина од членови на ПП, од средства од Буџетот кои и се доделуваат (како и на другите партии) согласно со правилата утврдени во Изборниот законик, како и со користење на лични средства (патнички  возила, компјутери, телефони и сл.) на своите членовите, соопштија пензионерите.

Слични содржини