338
Андреј Червиченко, поранешниот претседател на Спартак Москва и дел од рускиот Фудбалски сојуз, изјави дека одлуката на Светската фудбалска федерација да ја суспендира руската репрезентација од баражот за Светското првенство во Катар не е фер.
ФИФА одлучи да ја отстрани руската репрезентација од баражот за Светското првенство, каде во полуфиналето требаше да се сретне со Полска.
„Ние бевме ограбени. Таквата одлука е донесена зад завесата на општата хистерија. Западните земји сакаат да постигнат нешто преку манипулативни и лажни активности. Секогаш кога можат да профитираат, ја користат можноста“, посочи Червиченко.
ФИФА донесе таква одлука, иако Фудбалскиот сојуз на Русија поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.