Урбанович: Граѓаните се грижат за украинските војници, работат продавниците и Вестерн Унион

од Nikola Popovski
279 прегледи

Александар Урбанович, претседател на здружението Украинци во Македонија вели работата многу продавници во Украина, но дека сите се застанати во одбрана на државата.

-И Вестерн Унион работи, може да се пратат пари. Во продавниците има храна и цигари. Граѓаните се грижат за војниците. Некои купуваат за нив, некои готват. Сите работат во одбрана. Од Европа и Македонија доаѓа хуманитарна помош, вели Урбанович во емисијата „Клик плус“.

Според него, одзивот на тие што сакале да помогнат е добар.

-Се носи облека и се става во камиони што ги испраќаме. Со сите што комуницираме се позитивни и се расположени и веруваат во победа, информира Урбанович и додаде дека Украинската војска нема контрола над Донбас уште од 2014 година.

-Тие цело време имаа контрола на регионот, и војниците беа таму, само што сега ставија руско знаме, рече Украинецот.