Прв пат слушнав за неа на вести, вели Ковачевски за Ејупи

од Nikola Popovski
338 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја коментираше веста околу наводното назначување на тв-презентерката Бесмира Ејупи за конзул во Њу Џерси, САД. Според него, тој никогаш нема потпишано таква одлука.

-Ние имаме конзул во Њу Џерси и кој што е таму со мандат и ќе биде таму, бидејќи не постои план за негово отповикување. Сите владини седници од затворен карактер се со класифицирана информација и не може да се коментира во јавноста. Јас ваква одлука немам потпишано. Ниту ја познавам личноста за која ме прашувате, ниту станала конзул. Не можам да навлегувам во шпекулации кој предложувал, рече Ковачевски одговарајќи на прашање, додавајќи дека името за Бесмира Ејупи прв пат прочитал на вести.

Слични содржини