Ангелов: Првичната еуфорија дека Украина ќе биде совладана за ден, два пукна како „меур од сапуница“

од Берта Китинска
610 прегледи

Гледаме дека планот на руските сили не се одвива така како што беше замислен, вели Стојанче Ангелов во Уртински Брифинг.

-Првичната еуфорија дека е блицкриг и дека се ќе биде готово за ден, два и дека Украина е совладана пукна како „меур од сапуница“, факт е дека Русија е надмоќна, но руските сили со кои ја напаѓа Украина се мали. Русите имаат 150 илјади порфесионални војници , иако видовме дека има и војници кои се на отслужување на воен рок што дополнително ја влошува состојбата на Русија затоа што едно е кога гинат професионални војници кои ја одбрале оваа професија и се платени за тоа, а друго е кога ќе загине младо голобрадо момче кое отишли затоа што мора бидејќи е дел од регрутите, вели Ангелов.

Слични содржини