Путин: Можеме да ги преземеме имотите на странските компании кои се повлекуваат од Русија

од Nikola Popovski
260 прегледи

Зборувајќи за се построгите и обемни санкции наметнати од Западот, рускиот претседател Владимир Путин на државната телевизија изјави дека земјите преземаат „непријателски чекори“ против Русија и нејзината економија.

Според Би-Би-Си, Путин им рекол на Русите дека, иако има зголемена побарувачка за одредени работи, „нема сомнеж дека овие проблеми ќе бидат решени“.

„Луѓето ќе сфатат дека нема апсолутно ништо што не можеме да го решиме“, додаде тој.

Путин го критикуваше Западот, велејќи дека „тие бараат од своите граѓани да ги затегнат ремените и да носат топла облека“ и обвинувајќи ги санкциите за влошување на ситуацијата.

Путин инсистира на тоа дека Русија ги исполнува своите обврски кога е во прашање снабдувањето со енергија и нагласува дека не треба да се обвинува за растот на цените.

„Тоа е резултат на нивните сопствени лоши буџети, не не бвинувајте нас“, додаде рускиот претседател.

Тој исто така посочи дека руската влада може да го преземе имотот на странските компании кои се повлекуваат од Русија.

Како што рече, Русија може да „воведе надворешен менаџмент“ во оние компании кои ги затвораат своите производствени капацитети и „да ги предаде тие компании на оние кои се подготвени да работат“.

„Ќе најдеме правен начин да го направиме тоа“, додаде тој.