Осудувањето на воената агресија на самостојна и независна земја не е русофобија. Таквото евидентирање на граѓаните кои уживаат слобода на изразување и при тоа не ги поминуваат границите на повредување на другиот преку својот говор е неприфатлво во демократскиот свет и претставува директно заплашување за граѓаните да не ги изнесуваат своите ставови и размислувања, вели во интервју за „Локално“, Дарко Каевски портпарол на СДСМ.
Според него во овие моменти можеме да ги видиме придобивките од влезот на земјата во НАТО и тоа колку е важно членството во Алијансата за безбедноста на мала држава во време на криза.
-Со нашето влегување во најмоќниот и најголемиот воен сојуз НАТО, апсолутно не треба да се грижиме за безбедност и интегритетот на РСМ. Тоа е најголемиот успех на државата, и за жал поради војната во Украина, во еден несреќен контекст, можеме да ги видиме придобивките и колку е важно членството за безбедноста на мала држава во време на криза, вели Каевски.
Извршниот одбор на вашата партија ве назначи за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.Кои ќе бидат вашите задачи?
Улогата на портпаролот е да комуницира со јавноста, да ја информира за сите тековни случувања, да ги пренесува ставовите на партијата за клучните прашања, во земјата и надвор од неа, да информира за активностите кои ги реализира партијата, за мерките и политиките кои ги креираат и спроведуваат институциите на локално и централно ниво предводени од функционери од редовите на партијата. Да биде кредибилен во јавноста, да биде достапен за медиумите и да одржува контиунирана соработка со нив.
Мицкоски најави дека биле во преговори со светски компании за набавка на 100 електрични автобуси и фабрика за произвдоство на автобуси во Скопје. Што значи според вас тоа што Мицкоски ги објавува проектите на независната градоначалничка во свое име и во име на партијата?
Со самото тоа што вакви изјави дава претседател на опозициона партија, има идикации дека има криминал и корупција во целиот процес. Во таа насока , оправдани се прашањата и сомнежот од јавноста и медиумите кои произлегуваат од таа изјава, за тоа во кое својство преговара Мицковски за набавка на автобуси. Дали Христијан Мисковски од претседател на опозициона партија, стана нелегален асистент по јавни набавки? Дали со ова сака да продолжи истиот начин на функционирање од времето на режимот, кога беа набавувани кинески автобуси надвор од постапката која што ја препишува законот. Впрочем, за тоа денес видовме признание од највисоки функционери Вмро-Дпмне за сторен криминал. Верувам дека институциите ќе ја истражат целата постапка и ќе дадат соодветен одговори на овие прашања.
Ваш коментар на работата на градоналчаниците на ВМРО ДПМНЕ? Дали можеби бројките се малку пренапумпани?
Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ во своите отчети кои пред се беа организирани за време на започнувањето на војната во Украина, и наместо пред граѓаните, тие ги даваат пред партиските челници, изнесесоа бројки кои не соодветствуваат со реалноста, што е практика која таа партија ја применува. Проектите кои се завршени се всушност проекти на Владата, за кои се одвоени средства од централниот буџет или се на претходните градоначалници. На пример сите училишта и градинки за кои тие ја земаат заслугата се реализирани со средства од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, или се целосно реализирани од градоначалниците на СДСМ, а градоналаниците на вмро дпмне, само се сликале на отварањето. Таквото раководење со општините ниту е совесно, ниту е чесно, ниту е искрено.
Опозицијата тврди дека домашното производство на пченица и пченка не ги покрива потребите на државата и воедно пратката на Вучиќ ги отвори дилемите за тоа дали С.Македонија има доволно резерви. Имаме ли доволно резерви за потребите на домашниот пазар?
Институциите постојано ја утврдуваат состојбата со резервите и тие се единствените кои имаат увид и прецизно можат да кажат какви се нашите резерви и постојано потврдуваат дека се стабилни и дека нема простор за страв од страна на граѓаните. Набавката од Србија е редовна годишна набавка, а не е вонредна поради недостатоци како што опозицијата ја прикажува, но да се присетиме дека токму лидерот на вмро дпмне беше посочен како центар за ширење на лажни информации, кои понатаму креираат состојба на страв и паника кај граѓаните.
Опозицијата блокира закони како и работата на комисиите. На кој начин може да се реши оваа ситуација со цел да се одблокираат и изгласаат законите, кои се поддржуваат, барем преку изјави по медиуми и од самата опозиција?
Како парламентарно мнозинство, многу често се обидувавме изминатиот период низ диалог да ги решиме отворените прашања кои се во насока на да ја подобрат ефикасноста на комисиите во Собранието. Но она што го добивме, и во кое што се уверија граѓаните, е дека имаме опзиција која што опструира и кочи процеси во Собранието. За таа цел, првиот чекор е разрешување и именување на нов член во комисијата за избори и именување а потоа и во неколку останати комисии, со цел да се отслика парламентарното мнозинство и во комисиите онака како што е пропишано во Деловникот. Потоа, низ една конструктивна дебата да се донесат законите кои што опозицијата ги кочи со стотици амандмани. Граѓаните очекуваат брзо и решително, со квалитетна аргументација, да ги ги донесеме сите оние закони кои што го подобруваат стандардот на граѓаните.
Изминативе денови сведоци сме на купување производи во големи количини, точење бензини од страв дека ќе се случи криза. Што ќе превземе власта за да се спречи ова воено профитерство од страна на трговците?
Владата во целата здравствена криза, во економската криза предизвикана во пандемијата спроведуваше политики на грижа за сите граѓани, на сите нивоа. Беше подготвена и дадена финансиска поддршка за сите категории граѓани, за пензионерите, за младите, за студентите, за сопствениците на мали и средни претпријатија, за стопанствениците, за текстилната индустрија, понатаму замрзнувањето на цените на производите. Така и сега, се подготви сет од 26 мерки, вреден 400 милиони евра, кој ќе ги намали и олесни последиците од кризата, се со цел граѓаните да не ја почувтсвуваат во целосниот интензитет кризата предизвикана од војната во Украина.
Има ли потреба земјата да стравува во котекст на случувањата во Украина? Очекувате ли безбедносна криза?
Со нашето влегување во најмоќниот и најголемиот воен сојуз НАТО, апсолутно не треба да се грижиме за безбедност и интегритетот на РСМ. Тоа е најголемиот успех на државата, и за жал поради војната во Украина, во еден несреќен контекст, можеме да ги видиме придобивките и колку е важно членството за безбедноста на мала држава во време на криза.
Руската амбасада во Скопје се закани дека евидентира русофоби што тоа значи според вас и дали граѓаните кои покажуваат поинакво мислење од она на Русија и Путин треба да бидат загрижени?
Осудувањето на воената агресија на самостојна и независна земја не е русофобија. Таквото евидентирање на граѓаните кои уживаат слобода на изразување и при тоа не ги поминуваат границите на повредување на другиот преку својот говор е неприфатлво во демократскиот свет и претставува директно заплашување за граѓаните да не ги изнесуваат своите ставови и размислувања. Солидарноста, поддршката и охрабрувањето на украинскиот народ преку социјалните мрежи не е русофобија и не треба да постои грижа дека би имало некакви реперкусии или ограничувања заради изнесен став
Откако се случи конфликтот неколку земји побараа итно вклучување кон ЕУ, ние се уште сме заглавени во спорот со нашиот источен сосед. Дали конфликтот помеѓу Русија и Украина ќе влијае некако врз нашиот спор со Бугарија?
Убеден сум дека ќе направи дополнителен притисок, но главното решение за започнување на преговори за влез во Европската Унија е решавањето на отворените прашања со Бугарија. Комисиите и работните групи целиот овој период заеднички работат и се надеваме дека за брзо време ќе имаме епилог .
Дали блокираниот европски пат може да биде компензиран со создавање на подобри екоомски и социјални услови за живот и дали тие во овој момент се доволни да се стопира заминувањето на младите луѓе надвор од земјава?
Во овие нецели 5 години откатко СДСМ е на власт, грижата на младите е на едно поинакво, повисоко ниво и младите навистина го препознаваат тоа, нивните ставови се мерат и може да се забележи поголема доверба во институциите особено во оние кои работат со млади. Покачувањето на стипендиите за 100%, воведувањето на стипендии за втор и трет циклус студии, воведувањето на субвенциониран студентски оброк во износ од 2400 денари секој месец на сметка на студентите, покачувањето на ученичките стипендии, отпочнувањето на реновирање на сите студентски домови овој период, воведување на 500 образовни асистенти за учениците кои имаат потреба од поддршка се мерки кои директно влијаат на задолоството од квалитетот на живот на младите, зајакнувањето на позицијата на младинските организации, сите сервиси на локално и централно ниво предвидени со Законот за младинско учество и младински политики секако ги подобруваат условите за живот во земјава. Сепак младите треба да одат во европските држави, да учат, да патуваат, да собираат искуства, но и да се враќаат назад и нивните знаења, вештини и компетенции да бидат искористени на правилен начин во својата држава.
Б.М.