Околу 1.000 граѓани дневно бараат помош: Eвропски број за итни повици 112 функционира на ниво на целата држава

од Берта Китинска
219 прегледи

Единствениот европски број за итни случаи 112 веќе функционира на ниво на цела држава, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека ЦУК започнува со кампања со цел информирање на граѓаните за работењето на линијата, преку која се координираат повиците до полиција, Брза помош и Противпожарната единица.

– Од денеска започнуваме со кампања во соработка со Канцеларијата на ЕУ којашто ќе оди на две национални телевизии, една на македонски, една на албански, со која што граѓаните ќе бидат известени и запознаени со постоењето на овој број. Покрај на овие две национални телевизии кампањата ќе оди и на неколку радија, како и на неколку локални телевизии. Воедно оваа кампања за запознавање на граѓаните со постоењето на 112 ќе оди и на интернет и тоа на повеќе портали, на повеќе веб страни и на Фејсбук и на Јутјуб – граѓаните ќе можат да се запознаат со постоењто на 112 преку трите афирмативни спотови, наведе Ангелов.

Тој потенцираше дека постоечките броеви 192, 193 и 194 и понатаму постојат и се отворени.

Раководителот на првото одделение којшто раководи со сите приматели на позиви Тони Костов информираше дека за време на функционирањето на телефонскиот број 112 во изминатиот период во времетраење од еден месец досега се примени околу 27.000 повици или околу 950 повици на дневно ниво.

Слични содржини