Продолжува големата поддршка за министерката Славјанка Петровска која деновиве се соочува со напади и понижувања на социјалните мрежи од типот на најнедолични долности и квалификативи. Кон осудата на ваквите напади се приклучи и потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
Тој објави дека Славјанка Петровска е професионалец и прекрасен човек.
-Другарке Цаци, Министерке Петровска, само напред. Оној кој се чувствува интелектуално инфериорен кон жена, најчесто прибегнува кон навреди на лична или физичка основа. И тоа е тажно и бедно! Да ги осудиме таквите, а да ги поддржиме чесните и способните, напиша Богоев на Фејсбук.
Кон поддршката се приклучи и поранешниопт градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Тој објавија фотографија со Петровска.
-Ова е мојата другарка Славјанка Петровска. Слика стара околу 8 години. И горд сум на неа. Со сите нејзини маани (толку малку ги има) и со толку многу нејзини квалитети. Цаци, другарке, една порака која ми е пренесена од мојот дедо: тешко волкот по кој што кучиња не лаат … Лајте кучиња, лајте … А ти Цаци, продолжи како што и до сега !!!!, напиша Шилегов на Фејсбук.
Санела Шкриељ, Сања Лукаревска, Радмила Шекеринска, Мила Царовска…се дел од дамите од политичката фела кои застанаа зад Славјанка Петровска