Илон Маск повторно го „запали“ Твитер: Откри кој стои позади биткоинот

од Nikola Popovski
422 прегледи

Веќе сите знаат дека Илон Маск често предизвикува реакции и полемики на Твитер.

Милијардерот моментално има приближно 78 милиони следбеници, а неговиот последен твит направи вистински хаос на интернет.

Имено, Маск ја откри тајната зад псевдонимот на креаторот на биткоинот – Сатоши Накамото.

Маск заклучи дека името Сатоши Накамото е всушност комбинација од првите слогови од имињата на големите технолошки гиганти: Samsung, Toshiba, Nakamichi и Motorola.

Овој твит предизвика бура од коментари и дискусии.

Откако твитот на Маск стана вирален, корисниците почнаа да одговараат со своите теории.

Идентитетот на Сатоши Накамото веројатно ќе остане вечна мистерија, но на интернет со години се води полемика за теориите за потеклото на ова име.

Иако оваа фотографија кружи на Редит веќе неколку години, Маск за прв пат ја стави оваа теорија во центарот на вниманието.

Слични содржини