173
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за 12 пратеници на руската Државна дума, односно на Долниот дом на парламентот и на сопругата и возрасните деца на прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави на денешниот брифинг портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
Според Прајс, тие 12 пратеници учествувале во процесот на признавање на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, пренесе ТАС С.
Сепак, тој не кажа за какви санкции станува збор.
Сегашната сопруга на Песков е Татјана Навка, олимписка шампионка во уметничко лизгање.
Фото: Михаил Метцель/ТАСС