222
„Во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата. Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен“, изјави на прес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Затоа е многу важно институциите но и општините да ги реорганизираат и намалат трошоците, посочува тој.
„Кризата е огромна и предизвиците пред сите нас, но со овие издржани мерки, со вистински социјалдемократски политики, заедно ќе ја пребродиме“, истакнува Каевски.