Владимир Путин (69) боледува од ментално растројство предизвикано од деменција, Паркинсонова болест или напади на гнев како резултат на стероидно лекување на ракот, според информации на западни разузнавачки кругови, кои британскиот „Дејли Меил“ во неделата ги нарече „ексклузивни“.
Повикувајќи се на извори блиски до Кремљ, високи функционери на разузнавањето Five Eyes – кои се состојат од Австралија, Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД – веруваат дека има психолошко објаснување за инвазијата на Путин на Украина, потег што светот го осуди.
Разузнавачката заедница тврди дека поседува сè поголем број извештаи за „сè понестабилното однесување на Путин комбинирано со отечен изглед и апсурдно дистанцирање“, на кои тој инсистира кога прима посетители во Кремљ.
Лице од разузнавачките кругови тврди: „Добивме податоци од различни извори кои даваат поцелосна слика за состојбата на психата на Путин. Во последните пет години забележливи се значајни промени во начинот на донесување одлуки. Оние околу него, исто така, можат да видат значителни промени во убедливоста и јасноста на она што го кажува и во тоа како го гледа светот околу него“.
Изворот вели дека неговата неспособност да размислува јасно го влошува недостатокот на „негативни повратни информации“ бидејќи рускиот лидер едноставно „не ги добива сите податоци за неуспешните елементи“ од инвазијата на Украина.
Извештаите велат дека Путин ги ставил шефот на руската разузнавачка ФСБ Сергеј Беседа и неговиот заменик, Анатолиј Бољук, во домашен притвор и ги обвинил за пропусти на разузнавачките служби што резултираа со серија неуспеси во Украина.
Разузнавањето, пренесено од британски политичари од највисоко ниво, сугерира дека Путин неодамна доживеал прилично психолошки пад предизвикан од физиолошки фактори.
Според нивните теории, Путин боледува или од мозочно заболување, како што е Паркинсонова болест или некоја форма на деменција, или дека има рак и дека третманите што ги добива му ја смениле рамнотежата на умот.
Според најновата теорија, која ја земаат во предвид „веродостојните извори“ од британската разузнавачка служба, менталното влошување на Путин е резултат на долгорочна употреба на стероиди, што резултирало со „стероидни изливи на гнев“.
Изворите ја наведуваат одлуката на Путин физички да се дистанцира од посетителите како знак на страв од „коморбидитет“ – односно добивање други болести кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт – или употреба на лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што го прави повеќе склон кон инфекции.
Кога Путин минатиот месец се сретна со Емануел Макрон, а претходно и со германскиот канцелар Олаф Шолц, европските државници беа принудени да седнат од другата страна на огромна маса долга десетици метри. Исто така, многу други кои се сретнаа со Путин мораа да одат во задолжителен хотелски карантин две недели пред тоа.
Рускиот претседател има видно прилично отечено лице и врат, што исто така може да биде несакан ефект од земање стероиди, исто како што се промените во расположението и однесувањето.
Француски функционер по посетата на Макрон изјави дека Путин „повеќе не е истиот“ во споредба со времето пред две години кога последен пат се сретнал со францускиот претседател и дека во меѓувреме „полудел“.
Извор од британските разузнавачки служби инсистира дека информациите за здравјето на Путин се многу веродостојни: „Нашето разузнавачко присуство во Русија е извонредно. Разликата во квалитетот на нашите извори „податоците за Путин во споредба со Кси и Кина се запрепастувачки“.