Седумкратниот шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, денеска изјави дека не планира да се натпреварува откако ќе наполни 40 години.
– Не размислував за таа бројка, бидејќи имам 37 години. Имам уште до тоа. Искрено не сум размислувал за тоа и не планирам да бидам овде блиску до четириесет години – изјави Хамилтон на новинарите во Бахреин за време на претсезонските тестови.
Хамилтон има договор со Мерцедес до крајот на следната сезона, кога ќе наполни 38 години. Британецот минатиот јули потпиша двегодишен договор и засега не е познато дали ќе го продолжи.
Многумина шпекулираа дека Хамилтон нема да се врати во натпреварувањата по контроверзната последна трка од минатиот шампионат во Абу Даби, во која ја загуби титулата во последниот круг.
Многумина веруваат дека Хамилтон може да се натпреварува рамноправно, како и 44-годишниот Том Брејди или како швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој ќе има 41 година кога, како што најави, ќе се врати на натпреварувањата во текот на летото по операцијата на коленото.
Исто така, добри игри пружа и 40-годишниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој по повредата се врати на терените.
Хамилтон има седум шампионски титули во Формула 1, што е рекордер заедно со Михаел Шумахер, рекордер е по број на победи во Формула 1 (103) и по пол-позиции (103).
За „Алпин“ се уште вози двократниот шампион во Формула 1, 40-годишниот Шпанец Фернандо Алонсо, кој минатата сезона имаше едно место на подиумот. Шампионот од 2007 година од Финска, Кими Раконен, на крајот на минатата сезона ја заврши кариерата како 42-годишен.
Со бројни интереси и работни места во музиката, модната индустрија и активизмот, се чини дека Хамилтон нема да го прослави својот 40-ти роденден како Формула 1 возач.
„Се надевам дека ќе имам уште нешто да правам“, рече тој.
Неговата блиска пријателка, 40-годишната американска тенисерка Серена Вилијамс се уште се обидува да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 Гренд слем титули.