Столтенберг: Русија би можела да употреби хемиско оружје, тоа би било воено злосторство

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија би можела да употреби хемиско оружје за време на нападот врз Украина, а таквиот потег би бил воено злосторство.

Ова го изјави Столтенберг за денешното издание на весникот „Велт ам Зонтаг“, пренесе Ројтерс.

„Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории во Украина кои произведуваат хемиско и биолошко оружје“, рече Столтенберг, кој тврди дека Кремљ измислува разни изговори за да го оправда, како што вели генералниот секретар на НАТО, „она што не може да се оправда“.

Тој додаде дека сега, кога се изнесени лажни тврдења, „сите мора да бидат внимателни, бидејќи е можно Русија да планира да користи хемиско оружје под лажни изговори“, пренесе Танјуг.

„Тоа би било воено злосторство“, нагласи Столтенберг.

Слични содржини