Саливан со предупредувачка порака до Путин

од Маја Анчевска
337 прегледи

Секој напад на територијата на НАТО би предизвикал сеопфатен одговор од западната алијанса, предупреди денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, додавајќи дека Русија ќе плати висока цена доколку ја нападне Украина со хемиско оружје.

Саливан изјави за Си-Би-Ес дека Соединетите Држави и нивните сојузници тесно се консултираат за зголемената закана од напади со хемиско оружје и дека директно комуницираат со Москва со цел да ја предупредат да не повлече  таков потег, објави Ројтерс.

„Употребата на оружје за масовно уништување би била шокантно дополнување на линијата што (рускиот претседател ВладимирПутин ја поминува поради неговиот напад врз меѓународното право и меѓународните норми“, рече Саливан.

Слични содржини