Заштитете се на време: Храна која нема да предизвика да почувствувате пад на имунитетот

од Маја Анчевска
1,2K прегледи

Дали се чувствувате уморни, понекогаш дури и настинато, за време на преодниот рок и промената на годишните времиња? Обично одбранбениот механизам на нашето тело се обидува да се грижи за нас и да не заштити.

Во таков преоден период би било добро да се зголеми внесот на храна која ќе ни го зголеми имунитетот и ќе направи мали промени во исхраната.

Секогаш кога ќе настинеме, обично ни велат да додадеме повеќе витамин Ц. Започнете со агруми кои вклучуваат лимес, лимони, портокали, мандарини, до зеленчук како пиперки, лиснат зеленчук, спанаќ, зелена салата, кељ…

Куркумата содржи соединение наречено куркумин, кое е антиинфламаторно и антивирусно по природа. Можете да направите мешавина од сирова куркума и да ја измешате со млеко и мед.

Познато е дека лукот го зголемува имунитетот, што ја зголемува заштитата од грип и вируси. Содржи високи концентрации на цинк кои ја надополнуваат и стимулираат ефикасноста на телото во зголемување на Т-клетките, со што лукот станува борец против грипот.

Ѓумбирот е всушност корен и носи изобилство на хранливи материи и минерали кои вклучуваат витамин Б6, магнезиум и манган. Сите хранливи материи играат активна улога во зголемување на метаболизмот, а со тоа и на имунитетот. Ѓумбирот содржи и специфично активно соединение наречено Gingerol, кое го прави ѓумбирот антиинфламаторно и антибактериски по природа и на тој начин ги спречува инфекциите.