Русија го блокираше пристапот на Украина до Црното Море

од Nikola Popovski
282 прегледи

Руските поморски сили го блокираа пристапот на Украина до Црното Море и со тоа ја исклучија од меѓународната поморска трговија, соопшти британското Министерство за одбрана.

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските поморски сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море и со тоа ја изолирале Украина од меѓународната поморска трговија.

„Руските поморски сили воспоставија далечна блокада на брегот на Црното Море на Украина, практично изолирајќи ја Украина од меѓународната поморска трговија“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

Британците додаваат дека руските поморски сили продолжуваат да истрелуваат ракети на цели низ Украина.

Слични содржини