Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина

од Milan1
159 прегледи

Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, бидејќи континуираните руски напади, состојбата ја направија насилна и непредвидлива, пренесуваат странските медиуми.

Американските државјани, кои останаа во Украина, беа советувани внимателно да ги разгледаат рутите и ризиците на патувањето, затоа што украинските патишта може да бидат пренатрупани, изложени на борбени операции, или да имаат оштетена инфраструктура поради ракетирање мостови и градови.

Стејт департментот, уште во јануари, соопшти дека нема точен број на Американци во Украина, освен преостанатиот персонал на американската амбасада.