Американскиот актер Вилијам Харт, добитник на Оскар за улогата во филмот „Бакнежот на жената пајак“ од 1985 година, почина на 72-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Синот на Харт, Вил, објави дека неговиот татко починал мирно во кругот на семејството, во неделата, неколку дена пред неговиот 72 роденден.
Актерот ја изгради својата репутација играјќи ексцентрични и необични ликови, како што се руски полицаец во паркот Горки (1983), богат и далечен сопруг во „Алиса“ на Вуди Ален (1990) и човек со план да направи машина za да им помогне на слепите да гледаат во филмот „До крајот на светот“ (1991).
Покрај Оскарите, Харт ја доби и американската театарска награда Тони во 1985 година за неговата Бродвејска продукција „Хaрлибaрли“.
И покрај неговата слава, Харт изјави дека не му се допаѓа холивудскиот начин на живот.
„Ништо не ми е удобно. Не сакам да одам по црвениот тепих во свечен костум и да гледам жени со кренати гради и мажи облечени како пингвини“, изјави Харт во едно интервју.
Во 2018 година, на актерот му беше дијагностициран рак на простата во неизлечива фаза.