189
Цената на гасот во Европа падна денеска на отворањето на тргувањето под 1.250 долари за 1.000 кубни метри, беше објавено на лондонската берза ICE.
На берзата ТТF во Холандија, априлските испораки на гас беа договорени по цена од 1.245 долари за илјада кубни метри, или 110,25 евра за мегават час по актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесе ТАСС.
Цената на гасот падна за повеќе од 15,5 отсто во однос на затворањето на берзата во петокот.