Британскиот министер за здравство Саџид Џавид утринава беше гостин на „Скај њуз“ токму во моментот кога беше објавено дека починале бебе и трудница кои биле во породилиште во Мариупол кои биле бомбардирани.
Запрашан дали бомбардирањето на оваа болница е воено злосторство, Џавид рече:
„Да мислам дека е. Тоа е ужасно злосторство, тоа е воено злосторство бидејќи според меѓународното право не можете да напаѓате здравствени установи и болници“.
Џавид рече дека најновите информации од Светската здравствена организација покажуваат дека 31 здравствена установа била гранатирана низ Украина, вклучително и онколошка болница.
Запрашан за руските наводи за лажни вести, Џавид рече:
„Единствената лажна вест е се што слушаме од Русија. Ние самите можеме да видиме што навистина се случува“.
На прашањето за руските ракети во близина на полската граница, Џавид рече дека сите биле многу јасни.
„Ако има напад врз која било земја на НАТО, дури и само руски војник да се приближи на територијата на НАТО, тогаш тоа ќе биде војна со НАТО, а НАТО ќе одговори“.
Џавид откри дека 21 Украинско дете дошле во Британија за да бидат лекувани и додаде, тие можат да останат толку долго, колку што е потребно.
Тие првично добија шестмесечни визи кои ќе бидат продолжени за најмалку три години. Тој рече дека вкупно 49 лица влегле со децата, вклучувајќи родители и старатели.