Добри вести доаѓаат од пазарот на „црното злато“ утрово. Цените на нафтата се во добар минус. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад од 6%. Истовремено, на американскиот пазар со барел се тргува по речиси 6% пониска цена, односно по 97 долари.
Во петокот овие деривати се тргуваа по цена од 110, односно 107 долари, а цената продолжи да паѓа. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари.
Инаку, руската компанија „Гаzпром“ продолжува нормално да испорачува руски гас за транзит во Европа преку украинска територија, изјави портпаролот на тој енергетски гигант, Сергеј Купријанов.
„Газпром# вообичаено испорачува руски гас за транзит преку украинска територија, во согласност со барањата на европските потрошувачи – 109,5 милиони кубни метри до 14 март“, рече Купријанов.