Бајден: Путин и ковид се виновни за рекордната инфлација во САД

од Milan1
275 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави вечерва дека рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата Ковид се причините за рекордната инфлација во САД и додаде дека зголемувањето на цените нема никаква врска со политиката на неговата администрација.

„Знаеме дека американските семејства се борат со растечките цени. За да биде јасно зошто цените се високи сега, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини на синџирот на снабдување, а тој синџир е многу важен затоа што материјалот доаѓа од целиот свет“, рече Бајден, а пренесе „Фокс њуз“.

Бајден потоа го спомна и својот руски колега.

„Втората причина, големата причина за инфлацијата, е Владимир Путин. Ја видовме цената на гасот откако тој ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде на долар и пет центи“, рече Бајден.

Американскиот претседател тврди дека сегашното поскапување на бензинот најмногу се должи на Путин и дека сето тоа нема врска со „Планот за спас на економијата“.

„Ќе го поправиме сето тоа“, рече Бајден.

Слични содржини