Хамилтон: Ни требаат најмалку 4 старта за да го средиме болидот

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Формата на Мерцедес останува во голема мера непозната пред почетокот на новата сезона во Формула 1. Луис Хамилтон и Џорџ Расел не беа меѓу најбрзите на тестовите во Бахреин, а седумкратниот светски шампион објасни дека тој и тимот не можат да се надеваат на победи со оглед на претставувањето на новиот W13.

Главниот инженер на Мерцедес, Ендрју Шовлин, дури додаде дека нему и на неговиот тим ќе им требаат 9-10 дена за да го поправат болидот.

Во меѓувреме, ривалите од Мерцедес предводени од новиот светски шампион Макс Верстапен јасно ставија до знаење дека не им веруваат на овие објаснувања на Хамилтон и неговите колеги и очекуваат „сребрените стрели“ да бидат многу силни на првата трка во Бахреин в недела.

Сега, сепак, Хамилтон додаде попесимистички бои на неговите очекувања за почетокот на кампањата.

„Тестовите ни беа доста тешки“, призна Хамилтон. „Ова е лудило, порано имавме повеќе тест денови, сега има практично три со оглед на промените во нашиот болид и тоа заедно со другите. Тоа значи дека на првите трки ќе продолжиме со тестирање на нашиот нов болид. Претпоставувам дека ќе ни бидат потребни најмалку четири трки за да го средиме болидот, за да сфатиме што точно треба да се направи. Имаме проблеми и тие не се само за потскокнувањето на болидот на правците“.

Хамилтон, кој најави дека на своето име ќе го додаде презимето на неговата мајка Ларбалестиер, исто така се пожали на болки во грбот по тестовите предизвикани од скокањето на автомобилот.

„Би рекол дека овие болки се поради мојата возраст, бидејќи веќе имам 37 години, но и мојот колега Џорџ Расел, кој има 24 години, се жали на болки од тестовите, така што ова не е до мојата возраст“, ​​додаде Луис.

Слични содржини