Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
-Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.Цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари, вели пратеничката .
Таа напомеува дека преку одговорен пристап се штити стандардот на сите категории граѓани.
-Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош, вели Николова.