Она што можеме да го видиме овие денови е дека нападот во Украина не напредува со она темпо кое е очекувано, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК во Студио 10 на ТВ24.
-Може само да се нагаѓа, а проблемите ќе се мултиплицираат кога ќе се влезе во големите градови и овде би направил една паралелеа ние во 2001 година во Арачиново, во многу помали села со 1.000 куќи, мака мачевме да ги исчистиме од вооружените екстремисти од УЧК. Притоа за споредба во Арачиново немаше цивили имавме чиста мета ние бевме неспоредливо надмоќни против УЧК, кои беа во селото. Одбравме тактика да напредуваме споро и имавме само 3-4 загинати. Кога ова би се пресликало во Киев, невозможно е воено да се освојат така брзо толку големи градови. Руските сили велат дека нивна цел се воените постројки. Сакаат да ја минимизираат Украина. За жал се случува колатерална штета, во војна најмалку гинат војници, повеќе гинат цивили, вели Ангелов.