Кремљ го возвраќа ударот: Русија воведе санкции за Бајден и Блинкен

од Nikola Popovski
527 прегледи

Русија воведе санкции за американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, меѓу другите, како одговор на санкциите воведени од САД поради инвазијата на Украина, пренесува руска „Газета“.

На листата се и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, синот на американскиот претседател Хантер Бајден, началникот на здружениот генералштаб на САД Марк Мили, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, директорот на ЦИА Вилијам Барнс и шефицата на УСАИД Саманта Пауер.

На 24 февруари Русија започна воена агресија за, како што вели, демилитаризирање и денацификација на Украина. Вооружените сили велат дека имаат за цел само воена инфраструктура и украински војници. Жртви има и од двете страни.