Холивудскиот актер Брус Вилис боледува од деменција, а овие гласини ги потврди и неговиот соработник.
Како што пишуваат американските медиуми, Брус Вилис за време на снимањето имал потешкотии со меморирање на текстовите, а неговите соработници се посомневале дека нешто не е во ред со него.
Фановите на актерот веќе почнаа да забележуваат дека Вилис во последно време игра само во нискобуџетни и помалку популарни филмови.
Имено, актерот се бори против раниот стадиум на деменција и наводно има сериозни проблеми со помнењето, а тоа го потврди и режисерот Мет Ескандари, кој неколкупати соработувал со актерот.
„Вистина е. Режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години“, изјави режисерот Мет Ескандари.
View this post on Instagram
Патем, деменцијата, позната и како сенилност, се однесува на широк спектар на мозочни заболувања кои предизвикуваат долготрајна неспособност за размислување, паметење, учење и комуникација на дневна основа.