Полскиот премиер: Ако Европа ја загуби Украина, ништо повеќе нема да биде исто

од Nikola Popovski
478 прегледи

Европа мора да сфати дека ако ја загуби Украина, ништо нема да биде исто. Тоа повеќе нема да биде Европа, објави на Твитер премиерот на Полска Матеуш Моравјецки кој претстојува во Киев.

Како што истакна, тоа ќе биде поразена, понижена и патетична верзија на Европа.

„Сакам силна и одлучна Европа“, нагласи Моравјецки.

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија синоќа пристигнаа во Киев за да му изразат поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија агенциите, наведувајќи дека Матеуш Моравјецки, Петер Фијала и Јанез Јанша во главниот град на Украина пристигнале со воз.

„Овде се создава историја, во завојуваниот Киев. Овде слободата се бори против светот на тиранијата. Овде иднината на сите нас виси на конец. ЕУ ја поддржува Украина, која може да смета на помошта од своите пријатели, а ние денеска дојдовме во Киев со таа порака“, напиша Моравјецки.

 

Слични содржини