Фудбалскиот клуб Краснодар би можел да биде една од најголемите жртви на конфликтот меѓу Русија и Украина.
Од овој тим си заминаа голем број играчи, што не е чудно со оглед на близината на Краснодар до војната во Мариупол и Крим.
Меѓу бегалците странци се Виктор Клесон, Реми Кабела, Вандерсон, Жуниор Алонсо и Гжегож Криховјак. Со исклучок на Вандерсон, кој замина на позајмица во Интернационал и има надеж за враќање, преостанатите четворица го раскинаа договорот, што според правилата на ФИФА им дозволи без последици поради моменталната ситуација.
Некои од нив најдоа нови ангажмани, како Криховјак, кој беше претставен во АЕК.
Нивната вредност се проценува на 43 милиони евра, што секако ќе претставува голема финансиска загуба за Краснодар.
Покрај тоа, Каја, Рамирез, Кордоба и Ботхајм се исто така странци кои играат во рускиот тим, но веќе никој од нив не е во Русија.
Трендот на раскинување на договорите и заминување од Русија е присутен и кај другите тимови од тамошната Премиер лига, но никаде не е толку радикален како во Краснодар. Таму до неодамна настапувале 132 странци, а сега има 11 помалку.